Вино на „Тиквеш“ доби висока оценка од познат вински критичар

Bez autora
Sep 29 2011

Црвеното вино „Бела Вода“ на винарската визба „Тиквеш“ доби 94 поени од најпознатиот вински критичар во светот Роберт Паркер. Од компанијата велат дека високата оценка, го вбројува виното на „Тиквеш“ меѓу најквалитетните и најценетите вина во светот. Високата оценка на Паркер има исклучително големо значење за „Тиквеш“, но и за македонската винска индустрија воопшто. Таа потврдува дека бевме во право кога говоревме дека македонската винска индустрија и „Тиквеш“ како нејзин лидер, треба да се менуваат и да ја прифаќаат филозофијата на пазарот, која бара уникатни вина со највисок квалитет. Тој додаде дека оценката на Паркер е единствениот и највредниот печат за извоз што може да го добие едно вино. Дури и најдобрите француски вина ретко добиваат 94 поени кај Паркер. Со ваква оценка можеме да се натпреваруваме со која било реномирана светска винарија. Може човек и да не се разбира многу во виното, но ако ја види оцената на Паркер, знае дека тоа ќе биде врвно вино.

Вино на „Тиквеш“ доби висока оценка од познат вински критичарЦрвеното вино „Бела Вода“ на винарската визба „Тиквеш“ доби 94 поени од најпознатиот вински критичар во светот Роберт Паркер.

Од компанијата велат дека високата оценка, го вбројува виното на „Тиквеш“ меѓу најквалитетните и најценетите вина во светот.

„Високата оценка на Паркер има исклучително големо значење за „Тиквеш“, но и за македонската винска индустрија воопшто. Таа потврдува дека бевме во право кога говоревме дека македонската винска индустрија и „Тиквеш“ како нејзин лидер, треба да се менуваат и да ја прифаќаат филозофијата на пазарот, која бара уникатни вина со највисок квалитет“, вели Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на винарската визба „Тиквеш“.

Тој додаде дека оценката на Паркер е единствениот и највредниот печат за извоз што може да го добие едно вино.

„Дури и најдобрите француски вина ретко добиваат 94 поени кај Паркер. Со ваква оценка можеме да се натпреваруваме со која било реномирана светска винарија. Може човек и да не се разбира многу во виното, но ако ја види оцената на Паркер, знае дека тоа ќе биде врвно вино. Со оваа оцена „Бела Вода“ има потенцијал да стане дел од винските карти во најекслузивните хотели и ресторани во Њујорк, каде се нудат само вина кои добиваат над 90 поени“, истакна енологот Марко Стојаковиќ.

„Бела Вода“ црвеното вино е првото и засега единствено вино од Македонија, но и во регионот, кое воопшто досега било оценето од вински критичар со светско реноме од калибарот на Паркер.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik